САД најавија конкретни мерки против Камбоџа, а Европската унија(ЕУ) се закани со оневозможување на пристап до трговските повластици откако врховниот суд на Камбоџа во пресрет на изборите ја забрани главната опозициска партија, на барање на премиерот Хун Сен.
Забраната на камбоџанската партија за национален спас уследи откако беше уапсен нејзиниот лидер Кем Сока, кој претставуваше голема закана на изборите за премиерот Сен по повеќе од три децении на власт.
Кем Сока е обвинет за ковање заговор дека со американска помош сакал да ја презеде власта во Камбоџа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.