| четврток, 6 декември 2018 |

САД најавија зголемување на инвестициите во Камбоџа

камбоџа

Претставници на осум големи компании од САД, меѓу кои „Коноко-Филипс“ и „Ексон мобил“ од нафтениот бизнис, „Џенерал електрик“ и „Кока-кола“, денеска во Пном Пен, по разговорот со камбоџанскиот премиер Хун Сен најавија големи американски директни инвестиции во Камбоџа. Бизнис форумот во Камбоџа го организираше Комитетот за соработка меѓу САД и АСЕАН.

Американските компании се заинтересирани во Камбоџа да инвестираат во бизнисот со нафта и со гас, земјоделството и преработувачката индустрија.

Минатата година компании од САД директно и во соработка со Светската банка за развој инвестирале една милијарда и 300 милиони долари. Најголем дел од овие средства биле вложени во изградба на енергетски капацитети и во инфраструктурата.

Камбоџа денеска најави дека до крајот на годината ќе почне да функционира регистрација преку интернет на странски компании заинтересирани за вложување во таа држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top