Во Пном пен , главниот град на Камбоџа постои нешто што е повредно од злато, а тоа невиноста. Богатите луѓе даваат куп пари за да имаат секс со девица и оттука настана трговијата со девији која сега е најисплатлив бизнис.
Не се сите девојки приморани на продавање на своето тело. Многу од нив ја продаваат својата невиност бидејќи им требаат пари.Многу родители ја продаваат невиноста на својата ќерка зошто очајнички им требаат пари, и така запаѓаат во проституција, пишува „Дејли мејл“.
Во документарниот филм на Џоди Марш може да се видат некои од жртвите на проституцијата како и Сукон (23) која својата невиност ја продала за да заработи пари за лекување на нејзиниот татко.
-Немав друг избор, па одлучив да ја продадам својата невиност. Тоа беше пред три години кога имав 20 години и ми беше платено 3.000 долари од еден Кинез“, опишува Сукон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.