| четврток, 6 декември 2018 |

Злоупотреба на инвалидска пензија: Овој човек 20 години ужива на сметка на државата

Хари од Амстердам е во раните шеесетти години, а последните дваесет го слави живото и ужива во него на трошок на дрѓавата. Откако почнал да прима инвалидска пензаија поради некој проблем со ‘рскавицата, тој се зеза наоколу, по можност по тропските краишта. Сега е во Камбоџа, каде што ги минува деновите со песок меѓу прстите и лименка пиво во раката.

Има денови кога нешто и навистина работи: копа песок за еден локален морски ресторан. Две дупки дневно се доволно за да се зацврсти терасата, но тој тоа го прави само кога ќе посака. Наутро пие шолја кафе, а напладне се префрла на пиво или вотка. Ако даде господ, има и денови кога наоѓа и немкоја девојка да преспие со него. Не многу одамна запознал дваесет и тригодишна студентка. Хари има вкупно единаесет деца, од кои пет никогаш не ги запознал.

Фотографката Сане Зурни од холандското издание на Вајс, го посети во Камбоџа, на плажата Воктори Хил. Ова место некогаш било рај за планинари, но во последните години станало евтино жариште на секс туризам, дртави хипици и алкохоличари.

Сане запознала секакви скитници од целиот свет кои живеат овде, но репила да го проследи денот на Хари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top