| четврток, 6 декември 2018 |

Кинески хороскоп: какви ќе бидат децата родени во 2016 година, година на мајмунот?

Децата што ќе се родат оваа година ќе бидат родени во кинеската година на мајмунот. Кинескиот хороскоп вели дека личностите родени под овој знак, пред сè, ги краси интелегенција, љубопитност и силно изразена друштвеност.

kineski-horoskop-2016-750x386

Вашето бебе од прв ден ќе биде енергично и активно. Кога ќе почен да го перципира светот околу себе  веднаш ќе забележите дека копнеат за активност, забава и сите видови стимулација. Ќе сака постојано да ја забавувате, ќе сака да се дружи и постојано да биде опкружено со луѓе. Вашето дете и во текот на животот ќе привлекува луѓе и постојано ќе биде опкружено со луѓе што ќе уживаат во негово друштво. Во својот круг на луѓе, личностите родени во годината на мајмунот е вистински ѕвезди, не само поради друштвеноста туку и поради смислата за хумор, остар ум и голема интелигенција.

pametno-1024x640

Децата родени во годината на мајмунот, исто така, многу рано си го одредуваат животниот пат. Тие уште од мала возраст знаат што ги интересира и со што сакаат да се занимаваат. Целиот живот веруваат  и имаат самодоверба дека ќе успеаат во сѐ што ќе наумат. Уште на најрана возраст почнуваат да освојуваат разни награди и се омилени кај професорите поради нивната иновативност, интелигенција и различни вештини со кои суверено владеат. Малите „мајмунчиња“ не ретко се големи креативци и уметници. Тие се добри правници, новинари, научници, тренери и уживаат во динамични професии. Тие се добри лидери и знаат како да ги придобијат и задржат луѓето.

f

Тие и тоа како умеаат добро да ги слушаат другите  и сакаат да им помагаат на другите во тешките ситуации. Лесно и брзо наоѓаат решенија за проблемите и несебично ги делат со тие на кои им се потребни. Љубезни се, лесно простуваат и секогаш се пријателски  расположени. Чувствителни се на тоа што зборуваат другите, а и лесно се вознемируваат кога ќе добиат негативен коментар или одговор иако тоа често нема да го покажат.

Поради нивната вродена љубопиност постои можност во пубертетските денови да претеруваат со храната и да влезат во лошо друштво, па затоа во овој период  родителите на „мајмунчињата“ ќе треба посебно да внимаваат.

Личностите родени во годината на мајмунот низ животот поминуваат со леснотија и не се склони кон болести, многу се успешни во работата и се едни од тие за кои велат  дека имаат среќа во животот.

zabrinjavajuci_podaci_sve_vise_beba_koristi_uredjaje_savremene_tehnologije_aps_616150630

Позитивности: ентузијазам, самодоверба, друштвеност, интелигенцијата, иновативност, харизма, лојаност, несебичност, желба да помагаат

Негативности: љубомора, сомничавост, итрост, ароганција, егоизам, чувствителност, нетрпеливост.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top