На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатите седум дена имало 1.322 повици.
Здравствен дом Скопје соопшти дека од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 69.560 повици.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за респираторни симптоми, зголемена телесна температура, настинки и кашлици предизивикани од студеното време.
На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.