| четврток, 6 декември 2018 |

Најчести грешки кои ги прават родителите: Дозволете му на вашето бебе да спие во текот на ноќта

­ Голем број бебиња спијат во текот на целата ноќ на три или четири месеци доколу родителите тоа им го дозволат. Дознајте кои се најчестите грешки, кои родителите ги прават кога се обидуваат да го заспијат своето дете.

бебе

Грешка број 1. Станавте роб на вашето бебе Доколку вашето бебе плаче секогаш кога ќе го спуштите во креветот и вие секогаш се враќате да го утешите, тоа никогаш нема да научи како да се смири за спиење. Секако ова не значи дека не треба да му помогнете на детето доколу е болно или уплашено. Кога ќе слушнете дека бебето навистина плаче, почекајте пет минути пред да одите до креветчето. Утревечер продолжете го тој интервал до десет минути…На крајот бебето само ќе научи да спие.

Грешка број 2. Продолжување со ноќното хранење Вашето дете е подготвено да се откаже од хранењето на полноќ во моментот кога ќе има пет и пол килограми. Доколу е потешко и продолжува да плаче во текот на ноќта, тоа е научена реакција. Наместо хранење дајте му на вашето дете можност повторно да спие.

Грешка број 3. Нишање

Доколку ова го правите често, вашето бебе ќе почне да зависи од тоа непрекинато да биде во вашите раце додека не задреме. Доколку заспие кога ќе му го дадете шишето нежно разбудете го пред да го ставите во креветчето. Најдобро е да го нишате бебето додека не се смири, а потоа ставете го во креветче, додека тоа се уште е помалку будно за да може само да заспие.

Грешка број 4.

Го оставате детето во кревет со шише Кога вашето бебе се ќе се успие со шише, млекото може да остане во устата што може да доведе до промена на бојата на забите и нивно расипување. Спиењето со шише исто така го зголемува ризикот од добивање инфекции на увото.

Грешка број 5.

Заменување ноќта со ден Вашето бебе никогаш нема да научи како да спие во текот на ноќта доколу не ја разбере разликата меѓу мракот и светлината. За да му помогнете на своето дете да го организира ритамот на спиење, обидете се да ја осветлите собата во текот на утрото и за време на попладневното спиење. И никогаш немојте да оставате светло во собата во текот на ноќта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top