| четврток, 6 декември 2018 |

За празниците 24-часовна здравствена заштита во сите дежурни служби на ЈЗО

doktor-zdorove-rebenka

Министерството за здравство денеска соопшти дека за време на празниците ќе биде обезбедена 24-часовна здравствена заштита во сите дежурни служби при јавните здравствени установи низ државата.

Во градот Скопје, почнувајќи од вчера во 19:30 часот до понеделник 4 јануари ќе биде обезбедена 24-часовна здравствена заштита во осум дежурни пунктови во поликлиниките Ѓорче Петров, Чаир, Бит Пазар, Ченто, Шуто Оризари, Драчево, Јане Сандански и Идадија.

За време на новогодишната ноќ беа ангажирани вкупно 12 екипи на Итната медицинска помош при Здравствен дом Скопје, во следните шест пунктови: Букурешт, Чаир, Јане Сандански, Драчево, Ѓорче Петров и Ченто.

Редовно ќе функционираат и дежурните служби при клиниките во рамки на Клинички центар – Скопје, како и Ургентниот центар при Градската општа болница „8 Септември“.

Министерството за здравство потсетува на препораките за умерено конзумирање храна и алкохолни пијалоци за време на празниците, со цел избегнување појава на здравствени потешкотии. Лицата кои ќе престојуваат подолго време на отворено, потребно е да носат топла облека и да конзумираат топли напитоци.

Од Министерството потсетуваат дека возењето во алкохолизирана состојба е забрането и опасно по животот на самите возачи, нивните сопатници, а претставува потенцијална опасност за сите останати учесници во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top