На Македонија и се заканува опасност да остане без лекари специјалисти. За две години над две илјади лекари специјалисти ќе заминат во пензија, а на нивно место нема нови кадри оти младите специјалисти, поради малите плати, заминуваат во странство. Оние кои остануваат се малку, а се помал е и бројот на оние кои би можеле да бидат замена. Најпроблематично е на Клиниката за ендокринологија која и сега кубури со кадар.
– Ние очекуваме огромен одлив на лекарски потенцијал, а особено на младите луѓе. До 2020 година има огромен број на лекари коишто ќе ја завршат својата кариера, а ние немаме ни приближно доволно нивна замена, а нема ниту на повидок нови кадри кои треба да ги заменат, вели Ненад Лазов – Асоцијацијата на млади специјализанти и лекари.
Дел од специјалистите, за Алсат М потврдиле дека поради недостиг на кадар се прави проблем и во системот „Мој термин“. Тие велат дека секојдневно освен пациентите од „Мој термин“, морат да прегледаат и над десетина пациенти со приоритетни упати. Тие велат дека по два или три пати го надминуваат дневниот просек за прегледани пациенти. Од Асоцијацијата на млади лекари и специјалисти велат дека за да се мотивираат младите лекари да работат на Клиниките мора да им се даде плата и да им се платат дежурствата.
Во моментов на Клиниките низ земјава работат околу 700 активни специјализанти. Но, две третини од нив воопшто не добиваат никаква плата. Тоа ги демотивира да останат во Македонија и чарето го бараат во странство. Од Министерството за здравство за овој проблем излегле со генерален коментар:
– Изготвена е детална анализа на постојниот кадар и реалните потреби на јавните здравствени установи за надополнување на кадарот. Согласно приоритетите, Министерството за здравство во соработка со останатите надлежни институции соодветно ќе преземе активности за постепено и системско надминување на недостигот на специјалисти…
(извор – Алсат М)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!
-
Ова е вистинската причина: Зошто докторите и медицинските сестри на работа носат кломпи?
-
Колариќ: СДС ги излажа докторите, нема да им ги зголемат платите