| четврток, 6 декември 2018 |

Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!

Докторите кои се на приватна специјализација од март годинава бараат да добиваат плата за нивниот работен ангажман на Клиниките. Сакаат ист третман како и нивните колеги кои специјализираат од претходно. Во отвореното писмо до Премиерот Заев посочуваат дека петгодишната доедукација ги чини и до 13.600 евра, а сега за трудот не добиваат ниту денар.

– Цела генерација од речиси 100 доктори е изоставена од ова право на исплата на плата за вложениот труд на Клиниките. Форсирањето за исплата на парични средства само за одредена група доктори е дискриминаторско – се вели во писмото до Премиерот.

Од Владата најавија решение за нивниот проблем.

-Се работи за нови специјализанти од март 2018 година. Тоа е пред месец и половина. За оваа група специјализанти ќе биде истото решение или дел од нив ќе бидат вработени. Тие веќе ја имаат оваа информација, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Владата на Р. Македонија.

Есента Владата донесе одлука 350 приватни специјализанти да добиваат плата од околу 26.000 денари месечно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top