| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е вистинската причина: Зошто докторите и медицинските сестри на работа носат кломпи?

Една од највпечатливите работи кои се забележуваат кај докторите и медицинскиот персонал е она што тие најчесто носат кломпи. Тие им овозможуваат на здравствените работници поддршка која што ја намалува болката во нозете, колената, стапалата и во грбот кога тие мораат поголемиот дел од нивната смена да ја минат на нозе.

Не е лесно да се издржат работни смени од 8, 10, па и 12 часа на нозе, па овие комотни обувки им даваат дополнителна поддршка на медицинските лица. Квалитетните кломпи се дизајнирани за луѓе кои во текот на денот треба да стојат долго време, а фактот што се отворени на задниот дел ги прават уште покомотни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top