Според анализите на Министерството за здравство, околу две илјади доктори ја напуштиле Македонија, соопшти д-р Венко Филипче, минисерот за здравство.
Сите мерки што ги планираме се во насока докторите да останат и да работат во нашиот здравствен систем. Прво се зголемија парите кои ги добиваат за дежурства. Има сериозно зголемување на процентот на пари вкупно кои докторите, но и мединските сестри ги земаат на крајот на месецот. Ова е без зголемувањето на платите кое ќе биде во септември. Значи, ќе има уште едно зголемување на сумата која ќе ја земаат здравствените работници во сите јавни здравствени установи – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Универзитетската Клиника за хематологија.
Дополнително на ова, посочи тој, работиме на подобрување на системот на едукација. Се планира странски експерти да учествуваат во системот на едукација во нашата земја.
– Планираме потпишување договор во Универзитетската болница во Франкфурт што треба да се случи во средината на јуни и работиме на изготвување договор за соработка со бугарското Министерство за здравство врз основа на која ќе идентификуваме сфери од интерес врз основа на нашите приоритети, од кои сфери односно специјалности нивните специјалисти ќе дојдат и ќе работат со нашите здравствени работници – додаде Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!
-
Ова е вистинската причина: Зошто докторите и медицинските сестри на работа носат кломпи?
-
За неколку години Македонија ќе остане без лекари специјалисти
-
Колариќ: СДС ги излажа докторите, нема да им ги зголемат платите