Денеска во Градскиот парк во Скопје, кај Школка за во 12.30 часот е закажана граѓанска донаторска иницијатива за бебето Најден, кое беше најдено со пресечен јазик во двор од куќа во селото Арачиново.

На донаторскиот собир ќе се собираат пелени, облека, козметика и сѐ што е потребно за бебето, кое се бореше за живот по грозоморниот чин на давење и на пресекување на јазикот. На настанот ќе му се приклучат и дел од учесничките на Женската трка, која истиот ден се одржува во Градскиот парк.
Според последните информации од Детската клиника, од одделот за интензивна нега Најден е подобро и викендов веројатно ќе биде симнат од апаратите. Тој сѐ уште е во инкубатор. Од МВР нема ништо ново во врска со откривање на злосторниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


