Еден од најбараните голгетери во летниот преоден рок, Колумбиецот Џексон Мартинез по најавата дека ќе го напушти Порто, за него беа заинтересирани повеќе клубови. Сепак тој одлучи да премине во редовите на Атлетико Мадрид каде се очекуваше да блесне и да биде еден од главните адути на Диего Симеоне оваа сезона.
Сепак Мартинез на 12 натпревари колку што настапи во сите натпреварувања постигна само три гола, а пред крајот на полусезоната имаше и незгодна повреда. Неговиот агент изјави дека не е исклучена можноста тој да замине на позајмица во вториот дел од сезоната и тоа во Премиерлигата.
Се шпекулира дека Челзи и Тотенхем се заинтересирани да го позајмат голгетерот до јуни 2016 година. Мартинез го чинеше Атлетико 29 милиони фунти и засега воопшто не импресионираше за да ги оправда вложените средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.