Утре, в недела, на 14 април во 12.30 часот во Градскиот парк кај Школка ќе се одржи граѓанска донаторска иницијатива за бебето Најден, кое неделава беше најдено со пресечен јазик во двор од куќа во селото Арачиново.
На донаторскиот собир ќе се собираат пелени, облека, козметика и сѐ што е потребно за бебето, кое се бореше за живот по грозоморниот чин на давење и на пресекување на јазикок. На настанот ќе му се приклучат и дел од учесничките на Женската трка, која истиот ден се одржува во Градскиот парк.
Според последните инфорамции од Детската клиника, од одделот за интензивна нега Најден е подобро и викендов најверојтно ќе биде симнат од апаратите. Тој сѐ уште е во инкубатор. Од МВР нема ништо ново во врска со откривање на злосторниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)