| четврток, 6 декември 2018 |

Бебето пристига наскоро: први фотографии од продолжението на Бриџит Џонс

Бриџит Џонс, конечно, се враќа.

Bridget-Jones-Baby

Рене Зелвегер уште еднаш ќе се најде во улогата на омилената несмасна новинарка во третото продолжение, кое го носи називот „Бебето на Бриџит Џонс“. Некои работи се исти (таа е повторно сама), а нешто сепак се сменило (бремена е ), меѓутоа и главната актерка се сложила дека „дојде вистинското време да се раскаже приказната на Бриџит Џонс во овој период од нејзиниот живот“.

Colin-Renee-Patrick-03

Рене со двајцата главни актери, Колин Фиртх и Патрик Демпси, се најде на насловната страница на магазинот „Ентртејмент викли“, а тоа што сега го знаеме е дека актерот од серијата „Воведот во анатомија“, како и нејзината љубов (Коли Фиртх) и тој  се вика Марк во филмот и дека е милијардер што ќе се заинтересира за Бриџит. Кога нашата хероина ќе остане бремена се случува вистинска збрка бидејќи ни самата не знае кој е таткото на детето.

toc-bridget-jones

Рене изјавила:„Тоа е целта на ова продолжение, да откриеме што прави  таа сега во нејзиниот живот. Јас како актерка сето ова го доживувам како средба со стар пријател. Го сакам овој лик, ми се допаѓа што таа искрено покажува како е да се биде жена и какви се ситуации може да ни се случат во животот“.

Colin-Firth-Renee-Zellwegger-Bridget-Jones-Baby-2

Третото продолжение нема да биде работено според книгата на Хелен Филдинг „Луда по него“. Приказната е инспирирана од некои поранешни колумни на авторката. Иако сите очекуваа дека и злобниот Даниел Клевер ќе се појави во филмот, Хју Грант изјавил дека би било малку  претерано во својата 54. година да глуми во вистинска романтична комедија.

Филмот ќе пристигне во кината на 16 септември в година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top