| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Разговори во четири очи“ на малата сцена на МНТ

На малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) вечерва 23 декември е закажана премиерата на „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ. Текстот е на Ингмар Бергмар, а адаптацијата на текстот е на Тамара Барачков. во претставата играат: Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петар Арсовски, Оливер Митковски, Дарја Ризова, Катина Иванова и Благој Веселинов.

Ова е копродукциски прокет меѓу „Скопје филмско студио“ и МНТ, поддржано од Министерството за култура. Продуцент е Томи Салковски.

Во претставата главниот лик во приказната Ана Бергман, чијшто лик го толкува Амернис Нокшиќи – Јовановска, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и страдање.

622f61ea-7f03-4e05-b733-b6941b8e7780-520x346

Младата Нина Деан го толкува ликот на нараторот во претставата.

Таа неколку пати соработувала со режисерката Николиќ, но признава дека во оваа претстава има неколку сцени на кои таа постојано плаче.

Продукцијата „Скопје филмско студио“ првпат се јавува во улога на копродуцент во театарска претстава.

– Бергман нѐ натера да го прифатеиме проектот. Режисерката Николиќ дојде во текстот во нашата канцеларија и нѐ освои. Драго ми е што директорот на МНТ Дејан Пројковски го прифати предизвикикот – рече продуцентот Томи Салковски.

Режисерката Николиќ рече дека ова е интимна претстава.

– Возбудливо е бидејќи е драматизација на роман на Бергман. „Разговори во четири очи“ е семејна драма во која има длабоки човечки емоции. На пријатен, суптилен, нежен начин актерите успеваат да допрат до гледачите. Задоволство беше да се работи со овие актери – рече Николиќ.

Костимограф на претставата е Ивана Каранфиловска – Угуровска, сценограф е Сања Аврамовска, видео и фотографија Петар Кочишки, а дизјанот на плакатот е на Ника Гавровска.

„Разговори во четири очи“ по премиерата на 23 декември, ќе има уште две изведби до крајот на годината, на 24 и на 25 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top