Целта на оваа несмасна и неинтелегентна фотомонтажа е очигледно да се префрли вината за тоа што се фатени на дело како комуницирале меѓусебе и во чија служба биле фалсификаторите на пасоши, на лични карти и на странски банкарски сметки, пишува Нетпрес.
Откако се појавија информации за тесните врски и очигледно редовна комуникација меѓу криминалната група фалсификатори и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и неговата матична партија, опозициската СДСМ, очигледно изверзирани за фалсификат, раководството на опозицијата, односно на Социјалдемократите, пласира уште една фотомонтажа.
Но, интересно е тоа што оваа фотомонтажа, е прилично неинтелегентно и аматерски изработена и затоа веднаш се фатени живи, пренесува Нетпрес.
На монтираната фотографија се гледа еден од тројцата осомничени фалсификатори, за кои се претпоставува дека биле во безрезервна служба на СДСМ.
Поточно на фотографијата е приведениот Аднан Сума, а до него е вметнат
На монтираната фотографија се гледа еден од тројцата осомничени фалсификатори, за кои се претпоставува дека биле во безрезервна служба на СДСМ.
Поточно на фотографијата е приведениот Аднан Сума, а до него е вметнат премиерот Никола Груевски.
Но, и најголемите компјутерски лаици веднаш може да приметат за каква всушност аматерска и прилично несмасна фотомонтажа станува збор.
Оргиналната фотографија, објавена на Фејсбук профилот на Адана Сума, а која всушност е преработена и од која е направена фотомонтажата изгледа вака:
Како што пишува Нетпрес целта на оваа несмасна и неинтелегентна фотомонтажа е очигледно да се префрли вината за тоа што се фатени на дело како комуницирале меѓусебе и во чија служба биле фалсификаторите на пасоши, на лични карти и на странски банкарски сметки.
Ова е доказ дека тие стојат зад фалсификатот. Голема е паниката во редовите на опозициската СДСМ.
Според коментарите на социјалните мрежи, ова е еден неинтелегентен обид за дефокусирање на јавноста во земјава, од успешната акција на полицијата во ловот на фалсификаторите на лични карти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.