
Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Марјана Станојковска, Викторија Лоба, Елена Ристеска се само дел од убавиците кои во изминатите години се сликаа за календарот на „Пелистерка“. Веќе седум години компанијата во овој период го издава календарот во кој посебно одбрани Македонки храбро покажуваат што имаат.
Годинава за првпат календарот ќе биде пошарен, и тоа со интернационалки кои настапуваат за ЖРК Вардар.
Убавиците, кои сме навикнати да ги гледаме во спортско издание, на календарот се појавуваат во едно сосема ново светло. Гламурозни, елегантни и сексапилни, со што совршено ја отсликуваат елеганцијата и убавината на спортот.
Фотографиите се дело на тандемот Ани и Дими, а календарот и официјално ќе биде промовиран во јавноста за неколку дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


