
Европската комисија го затвори специјалниот извештај, кој, по препорака на Европскиот совет, во вторник комесарот за проширување Штефан Филе ќе го презентира во Стразбур.
Дипломатски извори од Брисел тврдат дека ЕК ќе ја повтори препораката за членство на Македонија во ЕУ, а откако ќе биде објавен во Брисел, неколку часа подоцна, еврокомесарот на Унијата во Скопје, Аиво Орав, ќе им го предаде на највисоките државни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


