| четврток, 6 декември 2018 |

„Војна на ѕвездите: Силата се буди“ во „Синеплекс“

Долгоочекуваното седмо продолжение, на една од најпознатите саги на сите времиња, ги носи фановите на една неверојатна авантура. „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ од 17-ти декември на големите платна во „Синеплекс“.

По речиси 10 години, пристигнува новото продолжение од сагата. Македонските фанови ќе имаат можност дури на 2 дена пред премиерата во САД, да го гледаат филмот на закажаната полноќна проекција. „Поради големиот интерес имаме отворено вкупно осум сали за полноќните проекции. Првите четири сали беа рекордно распродадени, во период од 48 часа. Во моментов располагаме со слободни места само во првите редови, во неколку од салите. Очекуваме одлична вечер исполнета со интересни активности за фановите. Подготвивме и дополнителни изненадувања за најмладите фанови на сагата. Во организација на Скопје Сити Мол, во соработка со Cineplexx во периодот од 16.12 до 25.12 ќе биде организирана Џедај академија и други тематски активности“, изјавува Кети Кочкова Јовашевиќ, маркетинг менаџер на Cineplexx.
Дејствието во Star Wars: The Force Awakens започнува 30 години по оригиналот, кога од урнатините на Империјата се појавува Новиот Поредок и мистериозниот Кајло Рен. Хан, Леа и Лук мора да ги здружат силите со младите надежи, со цел да ја сопрат оваа закана за мирот на галаксијата.
Критиките за овој филм се неверојатно добри, како од големите режисери така и од фановите. Режисерот на „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, изјави: „Мислам дека на фановите многу ќе им се допадне новото продолжение. Тоа е филм каков што тие бараа“. Но, поддршка имаше и од врвниот режисер Спилберг: „Мислам дека новото продолжение на Војна на ѕвездите ќе биде најголемиот филм до сега! Јас лично го гледав три пати.“
Од овој блокбастер се очекуваат неколку работи: борба со ласерски мечеви, кои се едни од најпознатите работи по кои е познат овој филм; неверојатно импресивни визуелни ефекти, како од првиот дел од 1977 година така и во новото продолжение од оваа година; заплети, кои ги прават овие филмови одлични; и најважната работа по која се очекува ова да биде најуспешниот филм на сите времиња!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top