| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Господарот на кукавицата“ вечерва во „Театар Комедија“

Во „Театар Комедија“ вечерва, 14 декември, премиерно ќе биде изведена претставата „Господарот на кукавицата“ по текст на Венко Андоновски и режија на Андреј Цветановски.

Ова е петта праизведба на домашна комедија во четиригодишното постоење на „Театар Комедија“ и втора соработка со писателот Андоновски.

Покрај целиот актерски тим на „Театар Комедија“, во претставата гостува и актерот од Драмски театар Рубенс Муратовски. Ќе го игра ликот на старецот Никодим од Галичник, кое и место од кое самиот потекнува.

Сценографијата е на Милан Несторов и Сергеј Светозарев, костимограф е Александар Ношпал, а музиката е на Оливер Јосифовски од „Љубојна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top