| четврток, 6 декември 2018 |

Затворениците ќе добијат Ајпад за Божик

00028184

Затворениците во Англија може да добијат Ајпади за Божиќ.

Зошто? Според министерот за правда, тоа ќе им овозможи на затворениците да бидат во контакт со нивните семејства, како и да ги задржи малку подолго во ќелиите каде можат да ги подобруваат своите технолошки знаења и да си го збогатат речникот.
Основната идеја е дека ќе им се подобри знаењето за светот, ќе им овозможи да работат и дури да добијат квалификации. И токму тоа би требало драматично да помогне за намалувањето на трошоците и преквалификација на затворениците, откако пак ќе ја добијат својата слобода.
Во 1982 година, затворениците добиле право да користат телефон и да слушаат радио и промената била во позитивна насока. Надежите за оваа промена, исто така се големи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top