Најден е стабилен, дише самостојно. Срцето и јетрата му се добри. Оваа вест ја соопштија од клиниката за детски болести во Скопје, од одделот на интензивна нега каде што е сместено бебето Најден, кое беше најдено во Арачиново, откако му беше пресечен јазикот и бил ѕверски мачен.
Во меѓувреме, за него се грижат вработените на Детската клиника во Скопје, а добрите луѓе се организираат на секаков можен начин да му помогнат на Најден, кој, за жал е сам на светов. Веќе се формираше и група на социјалните мрежи, а и организаторите на Женскиот маратон се приклучија во хуманитарната акција која ќе се одвива викендов. Донацијата за Најден е во недела, на 14 април, во градскиот парк на „Школка“, во 12,30 часот, откако ќе заврши женската трка. Донацијата е во пелени, влажни марамчиња, кремови, облека. Секој колку сака и колку може, е добредојден да помогне за Најден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)