Репрезентацијата на Иран според „Техеран тајмс“ ќе гостува во Скопје на пријателска средба со македонската фудбалска репрезентација на 2.јуни.
Потврда за ова нема од Фудбалската федерација на Македонија која бара противници за слободните термини од 21 до 28 март 2016 година, а прва опција е репрезентацијата на Бугарија.
Иранскиот весник неодамна најави можност за нов пријателски меч помеѓу Македонија и Иран, откако првиот човек на федерацијата Али Кафашијан обелоденил дека е црвено-жолтите се заинтересирани за пријателски меч, но дека последен збор има селекторот Карлос Киерош.
Весникот сега објавува дека Киерош ја прифатил понудата да гостува во Македонија, па мечот ќе се одигра на 2 јуни, а од Скопје потоа ќе заминат во Осло, каде пет дена подоцна ќе играат против Норвешка. Македонија досега има одиграно три меча со Иран и тоа трипати во Техеран, од кои два со А-селекцијата, на 9 јуни 2000 (пораз со 1-3) и на 18 ноември 2009 (1-1), а еднаш со Б-селекција предводена од тогашниот младиснки селектор Мирсад Јонуз на 11 ноември 2005 (победа 2-1) на турнир што го организираше домаќинот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




