Државната изборна комисија продолжува да ги разгледува приговорите поднесени за гласачкиот процес во општина Центар. Kомисија по многу натегања го прифати предлогот на Бедредин Ибраими од опозициската ДПА за поведување дисциплинска постапка за членовите на еден избирачкиот одбор. Одборот им дозволил на лица од опозициската партија СДСМ да запишуваат лични податоци, број на лична карта и број на матичен број, на дел од гласачите коишто ги имало во гласачкиот список. Со тоа, според претставката на ВМРО-ДПМНЕ, им биле злоупотребени личните податоци. Според претседателот на ДИК, Борис Кондарко, оваа иницијатива за дисциплинска постапка е неоснована, бидејќи матичните броеви биле запишани во службен документ.
– Јас им симнувам капа на овие што ги убедиле да им ги запишат матичните броеви во записникот. Браво за тоа, како ли им успеало!?. Овде немало нарушување на процесот на гласање и не треба да се поништи гласањето, но се согласувам дека треба дисциплинска постапка за ИО – рече Бедрадин Ибраими, член на ДИК од ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Да гласаме за нашите: Македонската судиска двојка номинирана за најдобра во светот
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале