| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Добар сигнал е упатувањето на Фронтекс на македонско­ – грчката граница

­ На македонско­грчката граница ќе бидат распоредени припадници на Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на ЕУ ­ Фронтекс, одлучи ОБСЕ на денешниот состанок во Белград на кој присуствуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.

popos

Според постигнатиот договор, војниците на Фронтекс од наредната недела на грчката граница со Македонија треба да помагаат во регистрацијата на бегалците и мигрантите.

Министерот Поповски по состанокот на ОБСЕ изјави дека упатувањето на Фронтекс на границата е добар сигнал и ќе помогне во надминување на тензиите. ­

– Конечното упатување на Фронтекс на грчко­македонската граница е добар сигнал. После долго убедување мислам дека тоа ќе помогне во надминување на тензиите кои постоеја во изминатиот период и конечно мислам дека ќе можеме да ја подобриме соработката со грчките власти, бидејќи присуството на Фронтекс ќе значи помош и во делот на регистрирање и определување на натамошно процесуирање на мигрантите, изјави министерот Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top