| четврток, 6 декември 2018 |

Донирајте пелени и влажни марамчиња за Најден

Бебето Најден, кому персолналот за интензивната нега на Детската клиника во Скопје му го даде името нема никого. Бебето, кое пред неколку дена го најдоа фрлено во двор во Арачиново, со пресечен јазик и ѕверски мачено е на интензивна нега, во инкубатор е и стабилно, но состојбата сѐ уште му е критична, велат од Клиниката.

INKUBATOR

Но, за жал, нема никој да му донесе пелени, влажни марамчиња и прибор за хигиена, па убаво би било кога сите кои се во можност да донираат колку што се во можност пелени и влажни марамчиња кои се неопходни за Најден.

Аспазија Софијанова, директорката на Kлиниката, вели дека будно ја следат состојбата и дека се надеваат на подобро.

– Засега нема големи промени кај Најден, стабилен е, но сепак е критично. Правиме с` што е во наша моќ да закрепне – изјави Софијанова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top