| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар и по вторпат загуби од Шкендија во Купот на Македонија

skendija

Денеска се одиграа реванш дуелите од четврфиналето на Купот на Македонија. Најинтерсно беше на стадинот во Ѓорче Петров каде се сретнаа апсирантите за титулата оваа сезона во ПМФЛ, Вардар и Шкендија. Натпреварот заврши со победа на гостите од 2-1 и со тоа се пласираа во полуфналето на Купот и му се реваншираа на Вардар за минатогодишната елиминација.
Првиот натпревар во Чаир заврши со голема предност од 3-0 за Шкендија, но Вардар најави дека ќе се обиде да ја анулира предноста на тетовскиот тим и од првата минута ќе тргне кон голот на противникот.
Сепак по иницијативата која ја имаа скопските „црвено-црни“ во водените неколку минути, Шкендија со голот на Стенио Жуниор во 43-тата минута Шкендија поведе со 0-1 по големиот кикс на Немања Мијушковиќ. Тоа се чини беше клучно за пласманот во полуфиналето бидејќи Вардар требаше во вториот дел да постигне дури пет гола ако сакаше да ја елиминира Шкендија.
Во второто полувреме најтрофејниот македонски клуб фрли се на една карта, но дојде само до израмнување во 59 минута со голот на Мијушковиќ кој со глава го совлада Јовановски по одличниот центаршут на Блажевски.
Шкендија успеа да го врати водството во своја корист откако Вардар со сите сили се обидуваше да постигне уште некој погодок. Марјан Радески центрираше од десната страна, а Христијан Кировски на втора статива со глава реализираше за победа на Шкендија од 1-2.

Во останатите три четвртфинални дуели, Брегалница со 4-1 во реваншот славеше над Младост ЦД и во вкупен разултат од 5-2 заслужено се најде во полуфналето.
Работнички славеше победа и во реваншот во Кратово со 2-1, а Турново иако загуби на домашен терен од Македонија ЃП од 0-1 беше подобар во овој двомеч бидејќи на првиот натпревар славеше со 4-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top