| четврток, 6 декември 2018 |

Турски компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Компании од Турција што работат во индустриската зона „Кочаели“ ќе ја посетат Македонија.

Тие ќе се сретнат со Бил Павлески во индустриската зона Кочаели, во Турција, во која се лоцирани околу 4.000 компании, од кои 250 се познати светски брендови. Со цел проширување и зајакнување на воспоставената соработка, договорено е и организирање бизнис-форум во Кочаели.

Павлески ги претстави можностите за инвестирање во Македонија и на 16. евроазиски економски самит, кој се одржува во Истанбул, Турција, како главен излагач на економскиот панел во обраќањето пред повеќе од 500 компании.

– Македонија како мала земја со растечка економија, која се наоѓа на крстосницата во Југоисточна Европа, претставува идеален производствен и дистрибутивен центар до европските пазари – порача министерот за странски инвестиции.

Исто така, во своето излагање Павлески ги потенцираше локациските, транспортните и логистичките предности што македонската економија им ги нуди на потенцијалните инвеститори.

На маргините на настанот, кој се одржува од 9 до 11 април, министерот Павлески се сретна со повеќе турски компании со кои се водат преговори за влез на македонскиот пазар, како и со компаниите што веќе донесоа одлука да инвестираат во нашата земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top