Дерби дуелот во Македонската прва фудбалска лига во рамките од 16.коло се одигра во Кичево, каде домаќин беше екипата на Шкендија против Работнички.
Двата тима одиграа мирољубиво 1-1. Стрелци на головите беа Милован Петровиќ во 20. минута за Работнички, а израмни Бесарт Ибраими во 36. минута. Во вториот дел без посериозна шанса на двете страни по што мрежите мируваа. Со ова реми Шкендија се оддалечи од врвот на табелата бидејќи лидерот Вардар денеска рутински славеше на „Филип Втори“ арената над Ренова со 2-0.
„Вардарци“ стигнаа до повеќе од заслужена победа против „гипсарите“, и покрај тоа што до истата стигнаа во вториот дел. Во првото полувреме две стопроцентни шанси не реализираше Дејан Блажевски, па во вториот дел со головите Дашјан во 47. минута и младинскиот репрезентативец Петар Петковски во 78. минута Вардар стигна до трите бода.
Резултати:
Шкендија – Работнички 1-1, Вардар – Ренова 2-0, Шкупи – Силекс 0-0, Металург – Хоризонт Турново 2-2, Младост ЦД – Брегалница 1-4.
Табела:
Вардар 39 бода, Шкендија 35, Силекс 23, Работнички 22, Шкупи 21, Ренова 17, Хоризонт Т. 17, Брегалница 16, Младост ЦД 13, Металург 12 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



