Претседателот на УЕФА и потпретседател на ФИФА, Мишел Платини е пред сериозна закана да биде доживотно исфрлен од фудбалот, тврди адвокатот на поранешниот капитен на Франција Тибу д’Алес.
Веста за евентуалната доживотна санкција на босот на европскиот фудбал, беше соопштена од некои од водечките медиуми на Стариот континент,„Либерасион“,„Газета дело Спорт“ и др.
Во моментов Платини е суспендиран на 90 дена, откако неговото име беше вмешано во корупциски скандал. Станува збор за незаконско префрлање на 1,8 милиони евра од страна на претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, кон легендарниот напаѓач. Готовински трансфер бил направен во 2011 година, за извршени консултации од страна на французинот во 2002 година.
Се очекува во декември да се произнесе Судскиот комитет кон ФИФА. Неодамна излегоа препораките за случајот на етичката комисија кон светската централа. Според голем број аналитичари, кои одблизу ја следат ситуацијата, извештајот на комисијата препорачува доживотно отстранување на Платини од фудбалот.
Ова го тврди и „Либерасион“, повикувајќи се на свој анонимен извор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.