| четврток, 6 декември 2018 |

Платини пред доживотна суспензија од ФИФА

Michel PlatiniАдвокатот на претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА)Мишел Платини, Тибо Д’Алеш,  изјави дека ФИФА побарала доживотна суспензија за неговиот клиент.

– Тоа е скандал и прекумерна одлука, потенцира адвокатот на Платини.

Првиот човек на Европската куќа на фудбалот во моментот ја издржува тримесечната суспензијата поради вмешаност во корупциски скандал откако е откриено дека примил два милиони евра за советодавни услуги на првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер кој исто така е под суспензија.

ФИФА објави дека конечната одлука за случајот Платини – Блатер ќе ја донесе на почетокот на следниот месец.

Во случај да му биде укината на Французинот, Платини ќе биде еден од петте кандидати за претседател на ФИФА на изборите закажани за 26 февруари 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top