| четврток, 6 декември 2018 |

Платини официјално поднесе жалба во Лозана

00577149

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини поднесе жалба до Меѓународниот арбитражен спортски суд во Лозана, против одлуката на Комисијата за етика на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да го отстрани од фудбалски активности во период од 90 дена. Ова го соопшти официјален претставник на Платини.
– Платини официјално поднесе жалба пред спортскиот арбитражен суд против одлуката да биде отстранет од фудбалски активности. Тој бара укинување на казната, која стапи на сила на 8 октомври, изјави претставник на французинот.
Платини смета дека ФИФА намерно го одолговлекува неговото дело, за да го спречат неговото учество на изборите за претседател на ФИФА, кои ќе се одржат на 26 февруари 2016 година.

Французинот е обвинет дека добил 2 милиони швајцарски франци како консултант на ФИФА за Светското првенство во 2002-та година во Јужна Африка, а Блатер му ги префрлил 9 години подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top