| четврток, 6 декември 2018 |

Путин, Меси, Платини знаат како се кријат милијарда долари во пет чекори

5325

Британските медиуми се на добар пат да го расплетат панамското клопче. Викендов помина во знакот на милијардите на светските лидери наталожени на панамските сметки. Протекоа 11.5 милиони документи кои откриваат колку имаат и како се сокриваат светските лидери, политичари, јавни службеници, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот од богатството што го поседуваат.

Правната фирма Мосак Фонсека открива дека постоењето на даночниот рај Панама им помогнал на светските богаташи со децении да печалат перејќи пари и не плаќајќи данок.

dokumentite od panama

Мрежа од тајни офшор зделки и заеми вредни две милијарди долари остава трага која води до претседателот на Русија, Владимир Путин, пишува Гардијан. Објавените податоци ги доведуваат парите во тесна врска со најблиските луѓе на рускиот претседател. Иако неговото име не се појавува во некој од документите, податоците покажуваат дека постои шема: негов пријател има милиони работни места, кои се чини дека не можат да поминат без покровителство на Путин.

putin panama

Документите покажуваат дека семејството на Путин има голема корист од овие пари.

Офшор трагата започнува во Панама, па преку Русија и Швајцарија стигнува на Кипар. Во трагата влегува и приватен скијачки хотелски комплекс каде што пред три години се одржа венчавката на најмладата ќерка на Путин, Катерина. Документите од Панама го вадат во преден план Сергеј Ролдугин, венчан кум на Путин и Људмила, и кум на нивната прва ќерка Марија, пренесува Танјуг.

48658267.cached

Професионалниот музичар веќе акумулирал големо богатство и во моментов има контрола врз имот вреден најмалку 100 милиони долари. Ролдугин одрекувал пред службените лица во банките во Швајцарија и Луксембург дека е близок до руски јавни личности. Сепак, документите откриваат дека тој има 12.5% акции во најголемата руска маркетинг агенција, Видео интернационал, која има годишен приход од 800 милиони фунти и сопственик чиј идентитет е државна тајна. Тој исто така поседува 3.2% од Банката на Русија. Приватната банка од Санкт Петербург се опишува како “пријателска банка” на Путин. САД воведе санкции против неа по руската инвазија на Украина.

Овие податоци се само дел од серијата поврзани финансиски шеми откриени во документите кои се вртат околу оваа банка, на чиешто чело стои Јури Ковалчук. САД тврдат дека тој е „личен банкар” на многу високи руски владини службеници, вклучувајќи го и Путин. Документите од Панама откриваат дека Ковалчук и Банката на Русија постигнале трансфер на најмалку една милијарда долари на специјално создаден офшор ентитет наречен Сандалвуд континентал.

Сергеј Ролдугин

 

„Мосак Фонсека”, една од најдискретните офшор правни фирми, во период од 40 години им помагала, во услови на целосна неказнивост, на своите клиенти да перат пари и да не плаќаат даноци. Компанијата никогаш не била обвинувана за криминална дејност.

Истечените податоци, наречени „Панамски документи” се добиени првично од германскиот весник „Зидојче цајтунг”, кој излегува во Минхен. Весникот ги добил од вработен во фирмата, кој предупредил дека го ризикува својот живот, така што неговото име не е споменато.

Весникот ги претставил документите на Меѓународниот конзорциум на истражувачките новинари во Вашингтон, кој ги распределил за анализа меѓу медиумите, кои членуваат во него.

Околу 370 новинари во 78 земји учествувале во истрагата, која траела околу една година.

1300

– Вкупно 2,6 терабајти податоци, 11,5 милиони документи и 214 „фантомски” компании: Панамските документи се најголемото истекување на податоци, со кое работеле новинарите, пишува „Зидојче цајтунг”.

Повеќе од 214 илјади офшор компании се вмешани во финансиските операции во повеќе од 200 држави и територии во целиот свет. Документите се поврзани со најмалку 72 сегашни и поранешни претседатели и 140 други политичари и познати личности со незаконски финансиски трансакции. Меѓу нив се долгогодишниот лидер на Египет Хосни Мубарак и сирискиот претседател Башар ал Асад, кралот на Саудиска Арабија, Мишел Платини, Лионел Меси и други личности од спортските кругови.

Во документите се појавуваат и здруженија поврзани со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој јавно се декларира како голем борец против корупцијата, а во нив е и името на претседателот на Украина Петро Порошенко.

Во „Панамските документи” фигурира и исландскиот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон, кој имал непријавено учество во банките на неговата земја, кои беа објект на спасувачка програма. Тој е обвинет дека скрил милиони долари инвестиции во банки во земјата зад тајна офшор компанија.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), која веќе е погодена од корупциски скандали, поврзан со нејзини шефови, исто така е спомената во истечените документи. Четворица од 16-те раководители на ФИФА користеле офшор компании, создадени од „Мосак Фонеска”. Во документите фигурираат имиња на дваесетина фудбалери од елитни клубови како Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед. Меѓу нив е и Меси.

Освен фудбалери на листата се и претставници на други спортови, како хокеј и голф.

Откритијата покриваат период од околу 40 години, меѓу 1977 и 2005 година. Во нив се споменуваат и афери со перење пари поврзани со починатиот татко на британскиот премиер Дејвид Камерон.


Претставници на Министерството за финансии на САД за Би-Би-Си неодамна тврдеа дека имаат сознанија дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран и дека американските власти се свесни за тоа „многу години”.

– Видовме како се богатат неговите пријатели, блиски соработници и како ги маргинализира оние кои не ги гледа како пријатели, ги користи државните ресурси. Без разлика дали тоа е руското енергетски богатство или други владини договори – вели Адам Зубин, кој го надгледува извршувањето на санкциите на Министерството за финансии на Русија во САД.

Портпаролот на Путин ги негира обвинувањата и рече дека некои прашања не заслужуваат одговор, бидејќи се „чиста фикција”.

Документи има и за сегашните и поранешните светски лидери, вклучувајќи го и долгогодишен претседател на Египет, Хосни Мубарак, и сирискиот претседател, Башар ал-Асад.

Објавени се информации за сметки во офшор компании на 12 светски лидери и 143 политичари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top