| четврток, 6 декември 2018 |

Маж со Даунов синдром сексуално нападнат во Кочани

Вчера во кочанската полиција, К.Ј.(67) од Кочани пријавила дека во два наврати на 18 и на 21 ноември во барака лоцирана на ул.,,Македонска“ во Кочани, врз нејзиниот син Ј.Ј. (37), лице кое е со заостанат душевен развој Даунов синдром, било извршено друго полово дејствие од страна на Р.А. (57) од Кочани.

Пријавениот го повикал Ј.Ј.  да влезе во бараката, му рекол да се соблече и додека се соблекувал од половината надолу, Р.А. го извршил половиот напад. 

Над Ј.Ј. бил извршен лекарски преглед во ЈЗУ-Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top