Офанзивниот фудбалер на Реал Мадрид, велшкиот репрезентативец Герет Бејл, во повеќе наврати беше поврзуван со враќање во Премиерлигата од каде премина во редовите на „кралскиот“ клуб во 2013 година. Тој настапуваше за Тотенхем и рекорден трансфер го засили Реал Мадрид. По последните случувања во соблекувалната на Реал, се повеќе се актуелизира неговото враќање на островото, а за неговите услуги се заинтересирани двата клуба од Манчестер, Јунајтед и Сити, како и лондонски Челси.
Бејл не ја отфрла можноста повторно да заигра на „островот“, нагласувајќи дека се чувствува среќно на „Сантијаго Бернабеу“.
– Не можам да кажан „не“ кога станува збор за повторно играње во Премиер-лигата. Никогаш не знаете што ви носи иднината, но, во овие моменти се чувствувам убаво во Мадрид, среќен сум и ќе видиме што ќе се случи во иднина. Моментално сакам да освојувам многу титули со Реал – изјави Герет Бејл.
Тој досега за Реал Мадрид одигра точно 100 натпревари во сите конкуренции и постигна 41 гол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение