
„Пејпaл“ ќе дојде и во Македонија многу скоро, најави денеска заменик-министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска- Томовска. Според неа, Македонија е мал пазар и постои можност да се покрие преку Србија, која наскоро влегува во системот за електронско купување.
– Последниве две години сме во директни комуникации со „Пејпал“ и се чека само момент. Континуирана е информацијата дека треба да донесат одлука за влегување во регионот. Имаме информации дека ќе влезат во Србија наскоро – изјави Арсовска-Томовска.
Србија како поголем пазар, додаде Томовска, е поинтересна за нив како инвеститори затоа што инвестицијата во еден таков сложен систем кој треба да се грижи за безбедноста на трансакциите е многу висока. Претпоставувам дека понатаму, во најскора иднина, ќе го пренесат практично системот и во Република Македонија.
Вакви најави имаше и минатите години, но познатио сервис сѐ уште не им е достапен на македонските граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


