Вечното шпанско дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона или популарното „Ел класико“ на програмата е следниот викенд, односно сабота од 18:30 часот на Сантијаго Бернабеу. Заради последните случувања во Париз и пошироко во Европа истото ќе го обезбедуваат 1500 полицајци.
Ден пред мечот полиција со кучиња трагачи ќе се распореди околу стадионот за да открие евентуални сомнителни активности.
Барселона после 11 кола е прва на табелата, токму пред Реал Мадрид на второто место со три бода помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


