За првпат во јавноста Лионел Меси говореше пред медиумите по двата гола кои на тимот Барселона му донесоа голема победа на „Сантијаго Бернабеу“ во победата со 2-3. Шпанскиот весник „Ел Паис“ на своето електронско издание извади само еден мал исечок од интервјуто, кое во весникот треба да излезе утре. Во тој дел Аргентинецот говори за реакцијата со вадењето на дресот во голот за триумф.
– Дресот не го извадив за да провоцирам, туку тој беше наменет за моите навивачи на Барселона, кои беа таму горе високо на трибината. Тешко е да се размислува во такви моменти за противникот, бев пресреќен – изјави Лионел Меси за „Ел Паис“.
Аргентинецот доби жолт картон што го извади дресот, но најважно за неговиот инвидуален учинок е што ја прекина серијата од три години без гол во „Ел Класико“ и стигна до јубилејниот 500. гол во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.