По освојувањето на Купот на Кралот, Барселона се избори за уште еден трофеј, но и за можност за настап во уште еден натпревар за титула. Имено, новата сезона 2017/18 во август ќе започне со најпопуларниот дуел и тоа во двомеч.
„Ел Класико“ натпреварот меѓу шампионот Реал Мадрид и Барселона ќе се одигра во 180 минути, со тоа што првиот натпревар ќе се игра на „Камп Ноу“, а возвратниот на „Сантијаго Бернабеу“. Термините не се официјални, но најверојатно натпреварите ќе се играат на 12/13 и 15/16 август.
Овој натпревар ќе биде деби на новиот тренер на Барса, Ернесто Валдерде. Претходно на 30 јули во Мајами двете екипи ќе се сретнат како дел од турнирски натпревар во предсезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.