| четврток, 6 декември 2018 |

„Ел Класико“ во необичен термин: Реал и Барса ќе играат од 13 часот

Ако некогаш фудбалот се играше главно за навивачите, сега спонзорите и гледаноста на телевизиските прености играат се поголем фактор во најсилните лиги. Се чини тоа е и главната причини за терминот кој е определен за овогодинешното „Ел Класико“ во Ла Лига кое е закажано за на 22. декември во 13 часот.

Навивачите кои овие гиганти ги имаат во Азија, Австралија, САД се чини имаат свој удел во одредувањето на термините, па од година во година носат невообичаени сатници за одигрување на едно од најголемите светски дербија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top