| четврток, 6 декември 2018 |

„Марка“: По поразот од Барселона, Роналдо им се нафрли на Модриќ и Марсело

Real Madrid's Cristiano Ronaldo looks on during their Spanish first division soccer match against Athletic Bilbao at San Mames stadium in Bilbao

Поразот во последното „Ел Класико“ тешко им падна на фудбалерите на Реал Мадрид, па според пишувањето на добро информираниот мадридски весник „Марка“, по средбата имало зовриена атмосфера и обвинувања во соблекувалната.

Најнервозен беше Кристијано Роналдо кој и на теренот ја покажа својата фрустрација. Португалецот ги загубил нервите директно ги надалнал и обвинил Модриќ и Марсело за виновни што во последниот напад не направиле прекршок врз Серхи Роберто, кој со трк од преку 50 метри го подготви голот на Меси, со кој Барса извојува победа од 2-3.

Модриќ не се огласи, а Марсело сам се проогласи за виновник и жали што не постапи поинаку при последниот напад на Каталонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top