| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Миличевиќ итно опериран (фото)

Српскиот режисер и фотограф Дејан Миличевиќ  ја оперирал простата и сега се чувствува добро. На неговиот фејсбук профил се пофалил со успешно направената интервенција.

dejan-milicevic-dvor-1328585176-68431

-Водете сметка за сопственото здравје. Редовните контроли нека ви бидат првична обврска – напишал Дејан на оваа социјална мрежа.

декан миличевиќ

Лекарот кој го оперирал Дејан не сакал многу да зборува  за неговата моментална состојба ниту за текот на операцијата, затоа што медицинската етика тоа не му го дозволува. Сепак, изразил задоволство што му помогнал на овој млад човек поквалитетно да го продолжи својот живот.

-Несериозно би било да зборувам за анамнезата на пациентот. Можам само да ви кажам дека ми е чест што оперирав еден таков господин каков е Дејан Миличевиќ. Соработката со него беше одлична и можам да кажам дека станува збор за исклучително паметна личност   и мило ми е што му помогнав да живее поквалитетен живот – изјавил за српските медиуми доктор Александар Милошевиќ, кој е специјалист по урологија, еднокринологија, гинекологија и сексологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top