| четврток, 6 декември 2018 |

Во пресрет на дуелот со Либан, Ангеловски посакува да се повтори изданието како со Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација на арената „Филип втори“ во Скопје со почеток од 13 часот го игра вториот пријателски натпревар откако на клупата е новиот селектор Игор Ангеловски. Секако сите во таборот на репрезентацијата посакуваат да се повтори убедливата игра како во натпреварот со Црна Гора кога нашата селекција победи со 4-1.

– Имавме доволно време да собереме информации за Либан. Тоа е добро организирана селекција која има ранкинг сличен на нашиот. Тие се во тек на квалификациски циклус и сигурно дека ќе имаме добра проверка и на утрешниот меч. Но, наша цел е тоа што беше добро од дуелот со Црна Гора да го повториме и од натпревар во натпревар да ја градиме играта која сакаме да биде препознатлива за нашиот национален тим – изјави Игор Ангеловски.

Не е тајна ниту составот, селекторот не сака да менува, единствено треба да се донесе одлука за замената на Ибраими.

„Нема зошто да го кријам составот. Ќе стартуваат истите десетмина како и против Црногорците, а ќе одлучиме кој ќе влезе на местото на Агим Ибраими, кого го ослободивме за овој втор пријателски натпревар“, порача Ангеловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top