| четврток, 6 декември 2018 |

Истече рокот за поднесување приговори до ДИК

Политичките партии до 19 часот, кога истече рокот за поднесување, доставија повеќе приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локалните избори во Македонија, што се одржаа во неделата на 7 април.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доставија по повеќе од 100, ДПА 4, а ДУИ и НДП по 16 приговори.

ДИК е должна во рок од 48 часа по приемот да донесе одлука за приговорот, а подносителот на приговорот по кој одлучувала Комисијата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд треба да донесе одлука во рок од 48 по приемот на тужбата. Одлуките на Судот се конечни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top