Одредени истражувања покажуваат дека годишното доба во кое е родено бебето во голема мера влијае на неговото здравје и на развојот.
ПРОЛЕТ (март, април, мај)
Студиите покажуваат дека жените во 19 век, родени напролет, живееле подолго и биле поплодни од оние родени во зимските месеци. Значи, доколку вашето бебе е родено напролет, има големи можности да доживее да има и правнуци.
Од друга страна, децата родени напролет почесто се разболуваат од сезонските болести од бебињата кои на свет дошле во зимските денови и со тоа стекнале посилен имунитет.
Пролетните бебиња во просек помалку страдаат од пореметувања во однесувањето, што се доведува во врска со будењето на природата. Освен тоа, луѓето родени во пролетните месеци имаат поведар карактер и многу ретко заболуваат од депресија во повозрасните години.
ЛЕТО (јуни, јули, август)
Добрата вест за родителите, чиишто деца се родени во топлите, летни месеци е тоа што се попослушни и повредни од есенските бебиња, па најверојатно нема да се извлекуваат кога ќе тргнат во градинка или во училиште. Меѓутоа, бидејќи поради периодот на раѓање среде годината најчесто ги запишуваат порано во образовните установи, па тие се помалечки од останатите деца, им треба и повеќе време да се вклопат и да постигнат добри резултати.
Бебињата родени во летните месеци не би требало никогаш да заболат од депресија. Според научниците од Универзитетот во Херфордшир, ова се припишува на тоа што летните денови се подолги, па и децата се подолго изложени на светло и на сончева светлост, а со самото тоа, физички се поактивни од малечките родени во другите годишни времиња со понеповолни временски услови.
ЕСЕН (септември, октомври, ноември)
Ако сонувате за тоа вашето дете еден ден да освои златна медалја во некој тимски спорт, знајте дека вашиот сон е многу поблиску до тоа да се исполни ако се роди во есенските месеци.
Истражувањата покажаа дека есенските бебиња се покрупни и посилни од летните и дека, кога ќе пораснат, многу подобро се снаоѓаат во просторот, па поради тоа се и поподвижни и подобро играат топка, а подобро се служат и со останатите спортски реквизити од бебињата родени во претходните месеци. Освен тоа, поради фактот дека се родени во времето на почетокот на училишната година, тие често се позрели од останатите малечки, па постигнуваат и подобри резултати во читањето и пресметувањето.
Децата родени во октомври или ноември ќе бидат долговечни, но поради честите појави на магла и на дождови, почесто ќе заболуваат од респираторни заболувања од летните бебиња.
ЗИМА (декември, јануари, февруари)
Децата родени во зимските месеци се поотпорни и побрзо се развиваат од бебињата родени во другите месеци. Зошто е тоа така? Пред сè, поради тоа што тие престојуваат во стомакот на мама во делот на годината кога има многу сонце и светло, како и свежо овошје и зеленчук, па пролетните и летните трудници секако поквалитетно се хранат од жените кои биле бремени во текот на есента или зимата.
Освен тоа, докажано е дека зимските бебиња имаат подобар вид од малечките родени во „светлите“ месеци, токму поради тоа што помалку се изложени на јако сончево светло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)