Сигурно на повеќето од вас ви е познато предвидувањето на полот на бебето според обликот на стомакот. Бабините предвидувања велат дека жената која што го носи плодот високо ќе роди момче, а онаа жена која што го носи плодот пониско ќе роди девојче. Исто така, според народните верувања ќе се роди девојче доколку стомакот на трудницата е испакнат повеќе кон напред, а момче доколку трудницата е позаоблена во стомакот.
Сепак, во праксата се покажало дека многу попрецизна од оваа е уште една, исто така широко прифатена теорија. која се базира на големината на градите на трудницата.
Прогнозата за плодот на бебето се одвива на тој начин што се внимава колку точно во обем се зголемиле градите на идната мајка во текот на бременоста.Па така, според оваа теорија, на жените кои што носат девојче градите во текот на бременоста се зголемуваат повеќе (во просек околу 8 сантиметри во обем) за разлика од градите кај жените кои што носат момче (обемот на градите се зголемува во просек за 6 сантиметри)
И науката се приклучува кон оваа теорија потврдувајќи го фактот дека градите на трудниците кои што носат момчиња се зголемуваат со забавено темпо поради тоа што момчињата произведуваат повеќе тестостерон од девојчињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)