
Во скопско Арачиново пред два дена е пронајдено живо машко бебе фрлено во грмушка во семеен двор. Бебето има одвај два килограма, штотуку родено, а веќе било жртва на ѕверско и невидено човечко изживување, му бил пресечен јазикот и нанесени му се тешки телесни повреди, пишува „Дневник“.
Психолозите и лекарите се згрозени од состојбата на бебето, велат дека е ова уште еден доказ дека човечката плодност може да биде и проклетство.
Од МВР велат дека сѐ уште не знаат како новороденчето се нашло во дворот, ниту, пак, кои се родителите, но додаваат дека истрагата е во тек.
Бебето со возило на Брза помош било префрлено во Kлиничкиот центар зашто било во ризична состојба. Станува збор за машко бебе, тешко е 2.380 грама. Бебето се наоѓа во критична состојба и е ставено на апарати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)


