Без сомнение Кристијано Роналдо е најдобриот фудбалер на Реал Мадрид. Сепак дека не штима во соблекувалната на „кралскиот клуб“ доказ е синоќешната премиера на неговиот документарен филм во Лондон.
Со сигурност може да е каже дека не е најомилен во редовите на „кралскиот клуб“ кога станува збор за односите меѓу самите играчи на мадридскиот гигант.
На премиерата не присуствуваше ниту еден соиграч на Роналдо од Реал Мадрид, ниту пак се појави некој од управата на клубот.
– Очигледно е дека нешто не е во ред со односот на Роналдо кон соиграчите, како поинаку би објасниле ниту еден од нив да не дојде на премиерата на неговиот филм. Тоа беа Алекс Фергусон, Гери Невил, Луис Саха, но немаше ниту еден член на Реал – пишуваат шпанските медиуми.
Роналдо нема високо мислење на за тренерот Рафа Бенитез чии дефанзивни тактики го фрустрираат најдобриот играч и стрелец на Реал Мадрид. Тој веќе подолго време е во конфликт и со Герет Бејл, претходно не се „мирисаше“ ниту со Икер Касилјас, па јасно е дека голем дел од вината сигурно е и кај Кристијано.
Тој сигурно нема да биде среќен поради најновиот развој на настаните, а кога Роналдо не е среќен, веднаш се појавуваат и шпекулациите за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.